Нема еден збор во нашиот јазик што би бил добар и потполн превод на тоа што е wellness. Терминот е прилично нов, но со време можно е да го усвоиме и да имаме наш збор велнес.
Додека медицината го дефинира здравјето како отсуство на болест, за wellness е потребно и нешто плус. Wellness е здрав баланс помеѓу умот, телото и духот, баланс кој резултира со чувство на благосостојба и исполнетост. Медицината е насочена кон лечење на болестите, додека wellness приодот ве охрабрува да ја превземете одговорноста за вашето здравје и среќа во ваши раце. Битно е што фокусот од болестите се насочува кон здравјето.
Wellness е активен процес на стекнување свесност и донесување на одлуки насочени кон поуспешна егзистенција. Wellness го третирата здравјето како состојба на целокупното битие и неговиот развој. Wellness е состојба на здравје и среќа, третирани преку нашите физички, психички, социјални и духовни потреби.
Wellness е нераздвоен од вашиот стил на живот. Секој треба да ја понесе одговорноста за својата исхрана, својот изглед и телесна тежина, и да ги контролира факторите како пушење, неконтролирано конзумирање на алхохол или дроги. Животниот стил и одлуките кои ги правиме околу него го одредуваат нашиот wellness.
Wellness е константна и свесна потрага по живеењето со полн капацитет. Нé охрабрува во прифаќањето на навики и однесување кое водат кон поздрав и поквалитетен живот.
"Wellness е да се чувствуваш подобро и да изгледаш подобро"
Mark Hughes
ШТО Е WELLNESS


