Не ја учевме на училиште. Не ја учевме на факултет. Не ни ја објаснија родителите. Толку фама околу тоа. Едни тврдат дека е во гените, а други дека нема везе - се учела од книга и било лесно. Не ја потценувајте. Се среќавате со неа на секој чекор.
Затоа што ПРОДАЖБАТА Е СÉ!
Без разлика кое име ќе и доделат, без разлика како ќе го наречат оној што ќе го задолжат, голема е веројатноста дека продажбата е длабоко населена и во вашиот живот и кариера. Ако сепак го тврдите спротивното, само погледнете наоколу и прашајте се што прават сите реклами и сите медиуми. Потсетете се на некое интервју што сте го имале кога сте се вработувале. Кога ги дефиниравте условите и платата, всушност се продававте себеси, својот памет, труд, нерви и време. Ако сте добар продавач - сте се продале подобро.
Како и да е, предлагам акција слично на оние кои ја демистифицираат сидата, плаќањето данок или полицијата. Да им се помогне на луѓето да ги отстранат рецидивите и негативностите со сé поврзано со продажбата генерално. И да се научат лекциите со кои ќе знаеме како да се снајдеме и како купувач и како продавач.
Продажбата е сé, а прашањето што преостанува е: колку ти притоа ќе заработиш?
ПРОДАЖБАТА Е СÉ


