Зборот ентузијазам доаѓа од грчиот збор ентус што значи "да го имаш Господ во себе". Го добиваме со раѓањето и затоа го има во изобилство кај децата. Тие најубаво знаат да ги искажат преку возбуда, игра, смеа и безгрижност.
Ако е потребно, кога се чувстуваме во криза, потсетете се на детството и својот ентузијазам тогаш. Тоа ќе ви помогне да го вратите оптимизмот и насмевката на вашето лице.
Ентузијастите се луѓе со цврст карактер и силна енергија. Ентузијазмот за нив е основа за подобри резултати и напредување во животот. Ако му дозволиме да завладее со нас, стануваме интересни, забавни но и попродуктивни. Полесно ја насочуваме енергијата кон саканите цели. Имаме повеќе елан и залагање. И тогаш се случуваат и резултати. Потоа луѓето оправдано повеќе не ценат, а и самите повеќе си се допаѓаме. Тоа е успехот.
ЗА ЕНТУЗИЈАЗМОТ


